Search This Blog

Saturday, December 10, 2011

Сведок на ужасот од нашата “демократија“


  Вчера, за прв пат во мојот живот, имав можност да бидам сведок на ужас. Полициска марица го пресече патот на едно такси. Од марицата излегоа двајца полицајци се стрчаа кон таксито, од внатре извлекоа едно младо момче, почнаа брутално да го маваат со што стигнат, клоци, пендреци...Во продолжение од близина пристигнаа уште двајца нивни колеги кои се нафрлија да им помогнат, и они да удрат, и они се луѓе. Од неколкуте собрани се појави еден похрабар од сите, им се спротивстави и тргна да му помогне на момчето, а беше пречекан со прашањето: -„Што е? Да не сакаш и ти ќотек? Момчето не го препознав кое е, се уште не успеав да дознаам кое било, на местото имаше уште десетина до дваесет луѓе кои исто така видоа што се случува, а местото каде се ова се случи е најфреквентното во тоа време од ноќта, во петок навечер. Незнам што направило момчето, но така ли треба да постапува нашата полиција? Мислам ваков настан имаше знаеме сите кој нели, тој заврши трагично, па и не ни е прв пат да видиме вакво нешто. Македонија е демократска држава? Ваква ли е демократијата? Полицијата е тука, да ги сопре проблемите, полицијата е тука да ги сопре тепачките. Кој што и да направил, ќе биде притворен, ќе биде суден, ќе биде осуден, а не тепан од полицијата. Кој им дава такво право? Не, Македонија не е демократска држава, Македонија е полициска држава, Македонија е држава каде владее насилство од страна на оние кои треба да воведат ред и мир.

4 comments:

  1. Молам ако сакате пишете детали за целиот случај, каде и кога точно се случил на: info@protestira.me

    Како движење ќе се потрудиме да дознаеме детали и соодветно да реагираме и за овој случај.

    ReplyDelete
  2. Не сликаше никој? Кое е тоа „најфреквентното“ место?

    ReplyDelete
  3. Чудно, при толку мобилни денес никој да не сликал снимил.
    Хм..

    ReplyDelete
  4. Имаше обиди да се слика од моја страна, но сликите се матни и ништо не се гледа....Мојата намера беше да го споделам тоа што го видов...Ваше е дали ќе верувате или не...Факт е дека такви работи постојано се случуваат...Глупаво е некој да ги измислува, ако мислевте на тоа...

    ReplyDelete